Денес си замина човекот кој не учеше дека љубовта постои, дека е тука, дека живее во нашите бели дробови и дека треба да се потрудиме да ја видиме, да ја зграпчиме и да ја чуваме кога ќе ја пронајдеме.
Малку е чудно што пишувам за него, не сакам од неговото заминување да се направи тажен трети чин. Тој беше носител на ведрината, радоста и љубовта. Лик кој со своите приказни знаеше да ја наслика романтичната врска помеѓу неостварените љубови и да ни шепне дека треба да се бориме за неа. Не знам што да пишувам за него, а само тоа сакам, сакам да зборувам за него. Веќе неколку часа го слушам без престан. Читам што пишувате, слушам што зборувате, колку многу луѓе го сакале – ох боже!
Впрочем не знам што да напишам за човекот што ги слушнал сите мои солзи, со кој сум плачела до 7 наутро, со кој сум заспивала и сум се будела. Те запознав преку татко ми, преку Божа збани Пуб, и продолжив, се качив на Рингишпилот за накрај да се тетовирам како твоја Провинцијалка.
Тешко е да се пишува за Џоле, што да напишам? Дека ми беше тајно бегство во утринските часови, дека ме слушаше и дека некако магично и пограј децении генерациско разидување ја разбираше мојата душа словенска. И денес гледам дека на сите нас Џоле ни бил бегството, желбата и сликата за она што веќе го нема. Сите ние сме растеле со него, со тој еден свет полн магија и љубов, солидарност, епматија и разбирање. А денес, денес ко да ми ги снема. Ко да ми го снема привидот, ко и вистински физички да ми ја снема надежта за тој свет, во кој сите ќе сме еднакви и вљубени во животот, ко некој да ми ги зема.
Денес гледам на колкумина од нас ни недостасува, едно време што не го ни познаваме. А го живееме, преку сликите на нашите, преку Тито сеуште закачен на ѕидот кај баба ми, преку романтичните шансони за кои секој еден од нас мечтае.
Јас некако рачунав на него, а сега знам дека он рачуна на нас. Дека мора да продолжиме да ја осветлуваме љубовта, дека ќе бидеме свесни за последиците на нееднаквоста, дека ќе излеземе од дното и ќе ги запалиме светилките, време е. Можеби и ќе го засакаме Јануари, но дефинитивно Фебруари нема да сакаме веќе да го помниме.
Фала ти голем човеку што ме научи што значи вистина – но најмногу од се ме научи што значи љубов. Љубов во која се живее. И како да се вреднува истата.
Знаеше на сите нас генерациски да ни залепиш шлаканица со своите стихови, да не освестиш и ко родител да ни ја раскажеш приказната за Васа кога ние сакавме алчно да му влеземе на животот. Или да не станеш на нозе со Берба 59 и да не вивнеш во облаци и да не треснеш до “СлободаНЕ” со реалноста која е околу нас.
Таков беше ти, шармер кој освојуваше преку стих. Поет од невидени размери. Мојот Петрарка. Во исто време и човекот кој ме учеше каква била Југославија.
Паметам како одиме на одмор, долж автопатот, отворени прозорци, одиме на море во… Грција. Целото семејство. И две гајби патлиџани во гепек. И оди НЕ ЛОМИТЕ МИ БАГРЕЊЕ, до даска до крај.
И сите заедно гласно ја пееме.
Те запознав преку моите, моите ќе те запознаат преку мене.
Ти си поет на моето време.
Ти немаш години и генерации, беше и си безвременски.
Знаеш да не составиш сите и да не расплачеш.
Затоа мислам дека ти не си замина денеска.
Само ретке наѓу ретке.
“Naposletku, ti si dobro
znala ko sam ja
otkud sad te suze, moja mila
rekla si da se za to
cak brsljan ne hvata
zalud izguzvana svila
To je tako
ne pravi od tuge nauku
mani svetlo na sledecem bregu
okopnice moj otisak
na tvom jastuku
kao jezuska u snegu
Razbicu gitaru
crn je mrak ispunjava
odavno se svoje pesme bojim
pomera u meni neke gene Dunava
pa ja tecem i kad stojim
Ali opet da l’ bi ikad
bila moja ti
da sam vojnik u armiji ljudi
rekla si da bas
ne umem novce brojati
i da je nista sve sto nudim
Ref.
Naposletku, ti si navek
znala da sam svirac
brosic sto se tesko pribada
da me moze oduvati najblazi Nemirac
da cu u po reci stati
da se necu osvrtati nikada
Redas po vitrini fini porculanski svet
al’ ja sam figurica bez ziga
pazi to je bajka sto ti pada
na pamet
fali ti bas ovaj cigan
Tek u jesen otkriju se
boje krosanja
sve su slicne u leto zeleno
naposletku ti si dobro
znala ko sam ja
cemu suze lepa zeno
Draga moja, ti si navek
znala da sam pajac
moj je sesir satra pomicna
usne, tice-rugalice
a u oku tajac
da sam kaput sa dva lica
da sam Gospo’n propalica
obicna”