„Верувам дека може да се спроведат реформите. Реформите се потреба, нужност. Вашата земја сега се соочува со многу сериозен предизвик, особено младите луѓе, кои се прашуваат дали тука имаат иднина, дали може да заработуваат, имате граѓани исфрустрирани од корупцијата, недоволните реформи и недоволниот напредок. Мислам дека тие прашања се многу важни и постојат конкретни чекори кои треба да се направат реалтивно брзо за да се покаже решителноста дека се работи на тие прашања. Прво и најважно е некои од случаите на корупцијата, за кои сега се водат постапки, ако се пресудат би биле јасен сигнал во борбата. Исто така парламентот ажурно да ја донесе стратегијата за борба против корупција.“- истакна американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Брнз, во интервјуто на телевизија Канал 5.
Дополни дека во борбата многу придонесува и заменик претседателот во Владата, за борба против корупција, Љупчо Николовски.
„Новата канцеларија на заменик претседателот на владата може да се искористи, тој нов глас кој е се посилен, за да се уверат граѓаните дека тоа важи за секој службеник од јавниот сектор. На секое ниво да важи тоа, дека се се води според највисоките етички стандарди, да докажат дека луѓето кои се на позиции се поставени според нивната стручност, а не поради политичката определба. Кога се појавува проблем се решава транспаретно. Би ги повикала службеиците надвор од владата да ја извршат својата работа и тие да не уверат дека за сите граѓани важат истите правила.“- заклучи амбасадорката Брнз.