ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Шилегов на стартот на реконструкцијата на кејот „13 Ноември“: Ослободувањето на јавни површини е значајна придобивка за граѓаните, и ќе влијае позитивно на животната средина

February 19, 2021 12:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска, заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, го поздрави стартот на работите на реконструкцијата на делот на кејот „13 Ноември“ покрај реката Вардар, од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост, дознаваме од владини извори.


Премиерот Заев во изјавата за медиумите истакна дека реконструкцијата која на кејот на градот ќе му го даде обележјето на секој поголем европски град кој се развива покрај реките и во кој бреговите се негуваат како јавни површини во кое првенствено место имаат граѓаните, зеленилото и непречената комуникација со сите други содржини на градот.

Заев додаде дека е посебно значајно што предностите на оваа реконструкција ги прифатија и сопствениците на угостителските локали на кејот и што тие лично ќе направат демонтажа на летните тераси за да се овозможи непречено извршување на работите.

„Тоа ми потврдува дека и тие, како и сите граѓани на Скопје и градските власти, ја препознаа дополнителната вредност на овој проект: Модерно уредениот кеј ќе ја зголеми фреквенцијата на посетители и ќе поттикне поголем број туристичка раздвиженост на кејот, а тоа значи и повеќе гости во рестораните“, нагласи претседателот на Владата Заев.

Во својата изјава тој рече дека кризата со пандемијата со КОВИД-19 ни покажа колку се значајни слободните јавни простори облагородени со зеленило за да се овозможи слободно движење на луѓето во здрави животни средини.

„За мене е битно и тоа што ќе ослободиме уште еден дел од јавните површини кои беа окупирани од „Скопје 2014“, особено долж кејот на Вардар и што сега ќе се ослободат и влезовите од северната страна на Градскиот трговски центар – еден од најпрепознатливите маркери на градот Скопје“, истакна премиерот Заев во изјавата по повод стартот на реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, и на градоначалникот Шилегов, на Градот Скопје, и на изведувачите на работите им посака успешна работа и успешна завршница во рамките на предвидените рокови.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на овој настан соопшти дека со партерното уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни со ново поплочување, патека за лица со попречености, високо зеленило – дрворед, поставување на клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардињери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување, ќе се ослободи просторот за пешаците и велосипедистите.

Тој истакна дека целосно ќе биде спречено нелегалното паркирање на овој простор дополнително со сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе можат да ја користат сервисната улица само во строго определено време.

„Кејот има доволно простор за сите негови корисници од граѓаните кои го користат за прошетки, одмор и релаксација, па се до бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите кои ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и поставени на начин што ќе овозможи да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни развиени крошни”, потенцираше Шилегов и најави дека реконструкцијата ќе заврши пред почетокот на летната сезона.

Next Post

Средби на Пендаровски со истакнати поединци во Крива Паланка во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk