ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Делегација на ЕУ: Отворени два нови центри Европска куќа

February 20, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир оваа седмица отвори два нови центри Европска куќа – прво во Крива Паланка, а потоа и во Струмица.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, на двете отворања присуствуваа градоначалниците од двете општини, Борјанчо Мицевски и Коста Јаневски, претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на отворањето на Европската куќа во Крива Паланка, додека, пак, премиерот  Зоран Заев се приклучи на отворањето во Струмица.

– Првиот центар Европска куќа беше воспоставен од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје во ноември 2019 година, како последователна активност од приближно 30 дебати организирани со средношколците од 25 различни градови во последните години и во одговор на нивните барања. Првичната идеја беше дека Европска куќа во Скопје треба да го замени ЕУ Инфо Центар како простор каде што младите луѓе може да се сретнат, да разговараат, учат, организираат настани, гледаат филмови, учествуваат во културни активности и да се забавуваат, се наведува во соопштениеот на Делегацијата на ЕУ.

Оттаму посочуваат дека приближно една година по отворањето на Европската куќа во Скопје, Делегацијата на ЕУ ги прошири просторите за новата генерација со, сега засега, два сосема нови центри, во Крива Паланка и во Струмица, што ќе им служат на младите луѓе од овие региони.

– Воодушевен сум што отвораме нови, локални простори наменети за младите луѓе, каде тие можат да се состануваат, да споделуваат идеи и да придонесат за Европската перспектива на земјата, изјави евроамбасадорот Гир.

Отворањето на центрите Европска куќа ги поздрави европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, која ја изрази својата увереност дека младите луѓе се најголемиот ресурс на Северна Македонија.

– Горда сум на сè што постигнавте во оваа област. Од личните контакти меѓу луѓето во областа на културата и образованието, до вашето учество во Еразмус+ – програма што стана синоним за Европа. Од вашите изрази на солидарности преку Европскиот солидарен корпус, до вашите придонеси кон поинвентивна Европа, преку нашата програма Хоризонт 2020. Двата Europe House центри ќе служат како зборно место за поттикнување дебати, инспирирање соработка и мрежно поврзување меѓу младите иноватори, претприемачи, креативци, едновремено промовирајќи ги вредностите на ЕУ, изјави еврокомесарката Габриел.

Next Post

Досега 764 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk