пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Се прашувате зошто Џони Штулиќ замина од земјата во која сите му ги пееја песните, и отиде да биде таксист во Холандија?
Јас го знам одговорот. Го знаете и вие. Затоа боли.
А резултатите на порекнувањето на вистината и живеењето во лага и омраза едни кон други, освен стотици илјади жртви, многу крв и војни, не кошта сите преживеани уште 30 години живот, поминат во лет во место – на брдовитом Балкану.
Кога ќе заминат сите што имаат нешто да кажат во повеќе од проста реченица со плукање, ќе останете сами – со себе. Во усмрдениот темен вилает, со угасено светло.
Знаете што следува. Немојте после да ги барате Џони и џонијевци, ниту било кој што ќе има среќа да најде макар и луд начин да го избегне лудилото кон кое не водите или за кое молчите.