ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Еден голем и бесмислен распуст

February 22, 2021 18:38
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Читањето со разбирање останува голем проблем кај луѓето што пишуваат и коментираат на социјалните мрежи. Без оглед на тоа дали се под влијание на пропагандата или не, дали се ангажирани во трол фабриките или самостојно се „изјаснуваат“, нивото на разбирање за тоа што коментираат е извонредно ниско. Барем во денешно време е лесно да се дојде до информации. Лесно е да проверат дали се работи за информација или дезинформација, а најлесно е да се види дали се работи за вест или личен став.

Телефоните сега се алатки за пристап до безгранични библиотеки со знаења. Целиот свет ни е буквално на дланка. Со оваа проклета корона надвисната над целото човештво, со забавено темпо на живот и работа, луѓето сега имаат барем малку повеќе време да посветат на својата писменост. Можат да направат нешто корисно, да помогнат, да станат почовечни… Ако не заради другите, тогаш заради себе – да изгледаат подобро, пописмено, попаметно. Колку и да мразат, барем да покажат ниво, па да се почувствува човек повикан да одговори.

Зошто не го користат времето за да станат барем малку пописмени и подобро информирани? Или сево ова им е еден голем и бесмислен распуст, кога мозокот ќе го исклучат и ќе им се предадат на глупоста и простотилакот? Овие прашања не се наивни. Напротив. И одговорот не е само во тоа дека се жртви на пропагандата. Сепак се работи и за ниво на писменост и личен интегритет, достоинство… наречете го како сакате.

Веќе одамна се навикнав да гледам дека еден дел од луѓето читаат со предрасуди и многу често не дочитуваат дури ни подолг наслов, а камоли цел текст да прочитаат. Но затоа малку им треба да решат да стават или да не стават лајк само врз основа на името на авторот или изворот на информацијата. Коментираат пред да прочитаат за што се работи, а често се чини дека воопшто и не размислуваат додека пишуваат. Загатка е зошто тогаш пишуваат коментари воопшто. Се разбира, освен ако не се на социјалните мрежи по задача.

Како некоја невидлива рака да ги управува нивните мозоци и прсти, па ги изложува на големата тезга (социјалните мрежи), соголени и осветлени со заслепувачката светлина на онлајн јавноста. Како продавачки на љубов во одминати години, евтина шминка, бесрамни и полуголи, штрбави и искубани, тапкаат во место на исплуканите тротоари на политиката. Апсурдни. Гротескни. Безначајни.

Никогаш не сум можел да ја разберам потребата за експонирање по(д) секоја цена. На онлајн насилниците никако да им стане јасно дека, кога некого ќе опцујат и навредат, кога лажат, всушност, самите се валкаат. Нивната мета останува нечепната, тие самите се дават во помијата.

Нема ништо јуначко во тоа да се биде вулгарен и глупав. Нема ништо чесно во тоа истовремено да се биде вработен во државна или локална администрација, во полиција или во армија, а да се користи јавната сопственост, во работно време, за да се истураат лавини гнасни навреди, дезинформации и закани против некого. Тоа е злоупотреба, рамно на кражба на јавни пари. Го гледа ли тоа некој или живееме во паралелни светови, а само даноците ги плаќаме на исто место?

Срамота и гревота.

 

ПС. Описменувањето е долг процес, а во него важна улога има читањето со разбирање. Разговор со луѓе кои ништо не разбираат не е разговор. Кога ќе се сретнат мртвите души и разумот, завладува тишина.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

July 3, 2025

Фудбалскиот свет се збогува со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk