ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мијалков на списокот на МВР, се бара со национална потерница

February 22, 2021 14:30
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи ја објави потерницата која е распишана за Сашо Мијалков. Станува збор за национална потерница. Неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија се бара со меѓународна потерница.

„Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело „Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ“, пишува во потерницата.

Утрово од МВР за ФРОНТЛАЈН потврдија  дека потерницата е веќе распишана.

„Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“,  се вели во одговорот на МВР за Фронтлајн.

Инаку Сашо Мијалков не достапен за органите на прогон од вчера попладне.  На барање на Обвинителството Кривичниот суд издаде решение за куќен притвор за Сашо Мијалков. Полицијата од вчера попладне го бара Мијалков во неговиот стан во Капиштец, куќата на Водно и во хотелот „Мериот“.

Пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ е закажана за 26. февруари. Мијалков е осомничен за нелегално прислушување, а Обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови. Обвинети се 12 лица, а Мијалков е првообвинет. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.

Обвинителството на рочиштето соопшти дека Мијалков од канцеларија вршел нелегално прислушување, а неговата одбрана ги отфрли обвинувањата.

Премиерот Заев утрово изјави дека е разочаран, но очекува исчезнатиот да биде пронајден и да се соочи со правдата.

„Јас се надевам дека ќе биде исправен пред правдата, односно ќе биде пронајден. Во спротивно, секој што згрешил, ќе одговара. Не знам, БЈБ, АНБ, министерот, па дури и премиерот. Или доколку постои одговорност, ќе се бара и од судот, од обвинителството…. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, рече Заев.

Заев рече дека доколку не се расветсли состојбата, ќе побара одговорност.

И. Т. З.

Next Post

ЈО: Првите индиции дека Мијалков може да избега добиени во саботата вечерта, утредента е побаран притвор

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk