ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пиварниците во Германија морале да фрлат пиво вредно милиони евра

February 22, 2021 16:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на Германското здружение на пивари, што доведе до тоа производителите на пиво едвај да можат да продадат нешто од пивото наменето за точење во рестораните.

Тие објаснија дека дури не се одржуваат ни свечености, како места каде што пиво се точи во кригли во огромни количини.

„Производи вредни милиони евра, чијшто рок на траење е истечен, мораа да бидат уништени“, објаснуваат тие.

Во писмото, пивопроизводителите апелираат за помош не само за себе, туку предупредуваат и на состојбата со земјоделците врз чија работа се темели производството на пиво. Тие предупредија дека 1.500 земјоделци изјавиле дека досега не биле вклучени во програмите за помош и дека доколку владата во Берлин и владите во одредени региони на Германија не реагираат на насочен и брз начин, „на многу погони им се заканува несолвентност. “

Производителите на пиво во Германија наведуваат и дека во март 2020 година УНЕСКО го призна традиционалното производство на пиво во оваа земја како нематеријално културно наследство, кое сега е „акутно загрозено“.

Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење./МИА/

Next Post

Денеска се регистрирани 129 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk