Јас имав температура додека не се реши случајот, не Мијалков, рече премиерот Заев.
„Брзата мобилизација и координацијата помеѓу сите институции со сите активности дадоа резултат и ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата.
Сакам да истакнам дека за овој значаен успех дадоа придонес и надлежните министерства и надлежните агенции, судот и јавното обвинителство. Како резултат на тоа, беа избегнати нови потенцијални ризици.
И успеавме во тоа. Им благодарам на сите институции и на сите претставници на тие институции“, рече Заев.







