ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Досега вакцинирани 1.274 здравствени работници

February 24, 2021 07:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, 12.74 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, најави завчера премиерот Зоран Заев, кој рече дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители.

Владата очекува преку КОВАКС механизмот да пристигнат вакцини од „Модерна“ и од „Астра Зенека“.

Во исчекување на новите вакцини, епидемиолошката слика и натаму стабилна, со исклучок на градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци каде што, по појавата на британскиот сој на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени. Според вчерашните податоци, бројот на активни случаи во Прилеп е 492, Кавадраци-466, а Охрид – 405.  Во Скопје и натаму има најмногу ковид-дијагностицирани и тоа 3.018. Вкупниот број на активни случаи во државата е 6.736.

Вчера беа регистрирани нови 509 случаи од 2.813 тестирања, девет починати и 354 оздравени пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, а на починати е 3.085.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години./МИА/.

Next Post

Мијалков се појави, ќе биде во домашен притвор и под постојан надзор

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk