ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Британскиот сој се шири, не е исклучена можноста за некаква форма на дополнителни мерки

February 24, 2021 16:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално, дали генерално на ниво на територијата на цела држава, меѓутоа сега засега немаме такви индиции дека такви мерки треба да препорачаме, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денска на Табановце од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Во делот на соевите, односно мутациите на коронавирусот, Филипче рече дека во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, која треба да даде одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.

-Целта е да се види колкав процент од вкупно дијагностицираните, практично, се должи на британскиот сој на вирусот. Последната анализа укажа на тоа дека некаде околу 50 проценти и тоа беше зголемување во однос на оние 20-ина отсто претходно и тоа е доказ дека се повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека се повеќе луѓе надвор има коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас, рече Филипче.

Запрашан во однос на реинфекции со Ковид-19, министерот Филипче истакна дека постојат публикации, но вели, станува збор за публикациите во однос на некои специфични случаи коишто не се правило. Значи, конкретно се уште науката не дала одговор на ова прашање, како и дека се уште многу работи во врска со вирусот се непознати и сега се прават анализи и испитувања.  

Во однос на вработени во здравството кои работат со ковид пациенти, а не биле ставени на списоците за исплата, Филипче рече дека се прават напори со директорите на ФЗОМ да изнајдат начин дали може да се изнајде дополнителна сума на средства тие да бидат исплатени, за што вели дополнително ќе информираат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковид 19: Нови 725 случаи, оздравени се 215, починати се 13 пациенти

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk