ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Саиф ал-Адел или „мечот на одмаздата“ е новиот лидер на Ал Каеда, се смета за поопасен од Бин Ладен

February 25, 2021 07:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот, како што беше за време на нападите врз Њујорк од 11 септември 2001 година, бидејќи на челното место во организацијата дојде немилосрдниот лидер Саиф ал-Адел, наречен „мечот на одмаздата“, за кого разузнавачките агенции тврдат дека е полош дури и од Осама бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда.

„За крволочниот Саиф ал-Адел се верува дека е новиот лидер на Ал Каеда и дека регрутира борци на Исламска држава, како и дека предизвикува страв од ѕверства низ целиот Запад. Ал-Адел (60) е поранешен египетски генерал за кого се верува дека е генијален и немилосрден стратег и дека го презема раководството на организацијата од Ајман Завахири“, пишува британскиот весник „Мирор“.

Висок британски експерт за антитероризам за весникот изјави дека, во споредба со Завахири, „Ал-Адел е многу поефикасен лидер, барем е еднаков со Осама бин Ладен, ако не и поопасен од него“.

Гласините дека Завахири најверојатно е мртов значат дека западните разузнавачи ќе мора да внимаваат на реорганизација на Ал Каеда, со оглед на тоа што Саиф, кој има база во Иран, е новиот шеф, наведува Мирор.

„Британските и американските шпиони со години ги следат потезите на Саиф, бидејќи тој беше вмешан во секој напад на Ал Каеда во последните три децении“, се додава во текстот.

Египетскиот џихадистички ветеран Ајман Завахири го презеде лидерството врз Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, но од него ништо не се слушна со години.

Поранешниот експерт за борба против тероризмот на ФБИ, Али Суфан, напиша дека Саиф може да биде „третиот емир на Ал Каеда“ со тридецениски пат во оваа терористичка организација.

САД веќе нудат награда од 10,5 милиони долари за информации за Саиф, кој се бара за бомбардирањата на американските амбасади во Најроби и во Дар ес Салам, во кои загинаа 224 лица.

Саиф ја предводеше личната „Црна гарда“ на Бин Ладен, единица за заштита во Авганистан, именувана по црните шамии. /МИА/.

Next Post

Во светот досега со ковид 19 се заразиле над 113 милиони луѓе

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk