Зошто на Груевски и ДПМНЕ им пречеше македонскиот јазик?, прашува Марјан Забрчанец на неговиот Фејсбук профил.
„Еве неколку од покрупните чекори на новата политика после 2017:
– Македонскиот јазик – потврден и признаен со историскиот Договор од Преспа
– Нема преговори со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет
– 5 мај – прогласен за Ден на македонскиот јазик
– Љубојно – Започнуваат подготовките за изградба на Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик
– 2021 – 100 години од раѓањето на Конески, година посветена на џинот
– Дигитализиран Правописот на македонскиот јазик (pravopis.mk), следува дигитализација и на толковниот речник…“, напиша Забрчанец.