ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе одиме ли во Грција на море годинава?

February 26, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе одиме ли во Грција на море ова лето или повторно ќе летуваме во некоја од нашите летни туристички дестинации? Ова прашање деновиве си го поставуваат голем дел од граѓаните кои со нетрпение чекаат да се пуштат границите и да направат резервации за одмор. И покрај тоа што сè уште е неизвесно дали и под кои услови ќе се патува ова лето, сепак туристичките агенции излегоа со понуди за претстојната летна туристичка сезона. Освен Грција, во понудите се и Албанија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција…
Туристичките работници се оптимисти и веруваат дека оваа туристичка сезона нема да биде промашена, затоа што ако има уште една лоша сезона, ќе бидат принудени да се откажат од бизнисот. Се надеваат дека во Грција ќе може да се летува со ПСР-тест или вакцина, бидејќи голем дел од туристичките агенции претрпеа големи загуби поради инвестирање во закуп во соседството, пренесува Вечер.мк.

-Понудата за лето 2021 ја објавивме и со сигурност можам да кажам дека имаме широка понуда каде што граѓаните ќе може да летуваат. Граѓаните можат да одберат една од саканите дестинации Грција, апартманско и хотелско сместување, Албанија, Црна Гора, а ќе имаме и чартер програма за Турција. За секоја нова резервација, односно нова уплата направена до 31 март годинава клиентите ќе имаат можност за бесплатен отказ, односно ако поради ковид ситуацијата не се реализира аранжманот кој е уплатен, тогаш на клиентите целосно ќе им бидат вратени уплатените средства, изјави за ВЕЧЕР Елизабета Кочева-Јосифовска, менаџер за маркетинг и продажба во ЈК Травел.

Загубите во туризмот се огромни и според проценките ќе биде потребно подолго време за да се вратат бројките од пред пандемијата.

Домашните туристички работници испратија позитивна порака дека отворањето на границите е сè поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори. За да се подобри состојбата во туризмот и да се вратат странските гости од секторот побараа да се воведат бесплатни ПСР-тестови.

-Да се охрабриме, да се прегрупираме и да се подготвиме, затоа што отворањето на границите е сè поблиску. Секојдневно добиваме се повеќе информации дека туристите веќе ги планираат своите одмори ова лето и есен. Одморот е дел од животот и има многу луѓе кои и покрај вирусот сакаат да искусат нешто ново, да откријат нови места, нови туристички дестинации, изјави претседателот на Националната асоцијација за туризам, Влатко Сулев.

 

Европските земји, пак, бараат да се воведе вакцинален пасош со кој би се овозможил туризмот ова лето. Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека техничката работа на таканаречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека олеснетото патување за вакцинираните луѓе би ги дискриминирало другите.

И покрај големата неизвесност каква ќе биде оваа туристичка сезона, Хрватска веќе објави дека има потреба од сезонски работници. Речиси сите поголеми туристички компании започнаа да бараат сезонски работници, а оваа година новост е укинувањето на квотите за странски работници. Тоа практично ќе биде под знак прашалник до последната минута, но подготовките за сезоната започнаа.

Британците, пак, по најавите за олабавување на рестрикциите почнаа да прават резервации за Грција, Шпанија и Турција. Компанијата „Изиџет“ соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле за 300 проценти, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено по најавите дека патувањата може да продолжат од средината на мај.

И домашните туристички агенции се надеваат дека со обновување на летовите Скопје – Атина и со потпишувањето на меморандум за регулирање на патувањата меѓу Србија и Грција границата на нашиот северен сосед наскоро ќе биде отворена и за нашите граѓани и тие повторно ќе патуваат во својата омилена летна дестинација.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk