,,Додека јас се борев против Заев и СДСМ, Мицковски градеше хидроцентрали”, вака Никола Тодоров, ексминистер за здравство и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори на лидерот, Христијан Мицковски кој јавно го критикуваше. Коментарот на Тодоров доаѓа откако Мицковски го нарече кукавица која избегала и решила да одработува за Заев. Ова е прво јавно препукување помеѓу Тодоров и Мицковски, откако, ексминистерот беше исклучен од партијата во 2018 година.
,,Додека јас го напаѓав и се борев против СДСМ и Заев, ВМРО победуваше. Откако Мериот коалицијата му ги собра потписите и го избра Мицковски за претседател на партијата, негова обврска е да напаѓа, да се бори и да го победи СДСМ. За жал, Мицковски само губи од Заев. Има две можни причини за постојаните порази кои Мицковски ги остварува: или е тотално неспособен претседател или намерно губи од Заев, за да не одговара за тоа што работеше или не работеше, додека беше директор на ЕЛЕМ”, вели Тодоров за ,,а1он”.
Тој посочува дека гласањето на како што вели ,,Мериот коалицијата” за Мицковски како наследник на Груевски на конгресот во Валандово, било грешка.
,,Мицковски, оди си! Доста ни е од твојата хидро-група и од твоите порази. ВМРО не е Мицковски, ВМРО е многу повеќе и многу поважно од тебе. Оди си за да можеме да го победиме Заев и СДСМ” додава Тодоров.
извор: а1он.мк