ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски

February 26, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот Борис Трајковски во пресудните моменти за државата во 2001 година имаше клучна улога, а неговата изјава по повод потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, дека станува договор и потпис на проектот Македонија во 21 век, денеска се памети како тестимонијална. Мојот сограѓанин,  Трајковски беше човек од народот. Секогаш наоѓаше време за проблемите на обичните луѓе. Доаѓаа тие кај него, но и тој не престана да ги посетува во нивните домови, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фесбук-профил, по повод 17 години од трагедијата во која загина Трајковски и уште осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот.

Заев посочи дека ненадејната смрт на претседателот Трајковски ни одзела голем државник, безмерно сакан сопруг, татко, брат и пријател. И денеска, како што наведе, е тешко е да се најдат зборови на утеха и за спокој во нивните срца за огромната загуба за семејството.
– Светот се соочи со фактот дека во тој тажен момент беше прекинат животот на државникот Трајковски додека беше во полн подем, со инспиративна политичка зрелост и политички континуитет што оставија длабока и неизбришлива трага во историјата на современата независна македонска држава.
 За претседателот Борис Трајковски, стратегискиот интерес на Република Северна Македонија – нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО беше визија за реализација на која тој целосно се посвети. Целосно свесен за овој факт тој порача дека сите мораме да придонесеме за нашето членство во НАТО и во Европската Унија. Во име на неговиот спомен, и во име на неговите пораки од пред 17 години, ние денеска со право можеме да кажеме дека дел од тие пораки, дел од неговата визија – се исполнети. Нашата земја е полноправна членка на НАТО и ја очекува меѓувладината конференција со ЕУ за старт на преговорите, истакна премирот, и посака да е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски./МИА/
Next Post

Бочварски: За десетина дена нов оглас за станови во социјалната зграда во Струмица

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk