Во понеделник, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Мара Карлин, во Скопје и во Вашингтон го потпишаа новиот Меморандум за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Казна затвор од 55 години и десет години условни казни, односно вкупно 65 години, им изрече на 11 лица вчера Основниот кривичен суд Скопје за случајот за масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година и уништување на опремата од УБК „Таргет-Тврдина“.
Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се сретнаа со 12 претставници на здруженијата за ретки болести.
Одржана седница на Советот за рамномерен регионален развој. Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година
Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов.Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.
Дури и да се случи песимистичко сценарио, односно пролонгирање на пандемијата, сепак годината би ја завршиле со позитивна стапка на економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Просечната каматна стапка на кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 п.п., покажуваат последните објавени податоци на Народната банка.
Миленко и компанија правеле „ковид-групировка“ во Стајковци и завршиле во полиција, дознава Фронтлајн. М. М.