ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вкупно 55 години затвор за масовното нелегално прислушување

February 27, 2021 09:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Казна затвор од 55 години и десет години условни казни, односно вкупно 65 години, им изрече на 11 лица вчера Основниот кривичен суд Скопје за случајот за масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година и уништување на опремата од УБК „Таргет-Тврдина“.

Судот, при изрекување на пресудата, потенцира дека со неа упатува порака дека во иднина никогаш повеќе било кој висок функционер на власта, особено во безбедносните структури, да не се осмели да стори вакво кривично дело – масовно незаконито прислушување преку системите и опрема за следење на комуникациите на УБК со единствен движечки мотив и цел да се воспостави целосна контрола врз општествениот, политичкиот и економскиот живот во државата.

Пресудата ја донесе судечки совет составен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, како и тројца поротници, а на изрекувањето на пресудата присуствуваа сите обвинети, освен Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се пребегани во Грција.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече единствена казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. На поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, во отсуство судот им изрече казна затвор од по 15 години.

Поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на шест години затвор  за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, а началничката Надица Николиќ доби казна во траење од три години затвор за кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судот им изрече условни затворска казна од две години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”.

За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од две години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа“.

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани се и голем дел од над 200 оштетени лица.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор во траење од најмногу 60 дена, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков. Тој е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Пред изрекување на пресудата Сашо Мијалков исчезна во неделата попладне на 21 февруари. Полицијата три дена трагаше по него, беше распишана национална, потоа и меѓународна потерница. Тој во вторникот попладне на 23 февруари се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде тврдеше дека не избегал, туку се повлекол во изолација поради здравствени причини, имал висока температура и симптоми на корона.

Сашо Мијалков е обвинет во уште неколку предмети отворени од поранешното СЈО – „Трезор“, „Титаник 2“ и „Тортура“.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Од предметите кои ги отвори поранешното СЈО досега правосилни пресуди има за случаите „Тенк“, „Тифани“, „Труст“ и „Триста“, додека неправосилни пресуди има за „Тарифа“, „Титаник 3“, „Транспортер“ и „Насилства пред Општина Центар“. Неправосилни пресуди има и за предметите „Тревник“ – ослободителна и „Титаник 2“ – осудителна, но тие се вратени на повторно судење./МИА/

Next Post

Бесими: Економската криза завршува и според песимистичкото сценарио

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk