ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забележан пад на каматите и на кредитите и на депозитите

February 27, 2021 09:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната каматна стапка на  кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 п.п., покажуваат последните објавени податоци на Народната банка.

Според податоците просечната каматна стапка на депозитите изнесува 0,93 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. одосно  0,27 п.п.

Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,98 отсто и оствари месечен раст од 0,20 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,48 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,62 отсто. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити забележа пад од 0,33 п.п., покажуваат податоците.

Просечната каматна стапка на кредитите одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, е пониска за 0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,71 отсто. Надолната промена,наведуваат од Народната банка, е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Каматната стапка на кредитите на корпоративниот сектор е намалена за 0,42 п.п. на годишна основа.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,60 отсто и забележа месечно зголемување од 0,18 п.п, која промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,56 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п, соодветно). Податоците покажуваат дека во споредба со истиот период минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,59 п.п.

Каматната стапка на депозитите на корпоративниот сектор е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 1,22 отст, а на годишно е намалена за 0,26 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,40% и забележа раст од 0,02 п.п., на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,31 п.п.

Каматната стапка на кредитите на домаќинствата е остварен бележи месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,45 отсто, додека на  годишна основа, просечната каматна стапка на кредити на домаќинствата бележи
пад од 0,24 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,56 отсто и се зголеми за 0,18 п.п., на месечно ниво. а на годишна основа, бележи намалување од 0,35 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,89 отсто и бележи месечен пад од 0,03 п.п, а на годишнаоснова е пониска  за 0,28 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јануари, бележи
месечно намалување од 0,19 п.п. и изнесува 0,66 отсто.  На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,41 п.п./MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вкупно 55 години затвор за масовното нелегално прислушување

НАЈНОВО

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025
Фото: Скринчот од видео на WHAS11

Путин призна дека руската воздушна одбрана отворила оган врз азербејџанскиот патнички авион во 2024 година

October 10, 2025

ЕУ воведе нови правила за политичко рекламирање, задолжително откривање на финансиерот и целта

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk