Денес се обележува денот на ретки болести. Нашата земја има регистрирани 576 лица кои имаат некоја ретка болест со 60 различни дијагнози.
„Речиси 600-тини лица во земјата живеат со некоја ретка болест. За да им помогнеме за подобар живот, клучна е соработката помеѓу сите нас. Да подадеме рака и да покажеме дека не се сами”, напиша Претседателот на Фејсбук на фотографија на која се гледа семејството Пендаровски со обоени раце во знак за поддршка за лицата со ретки болести.