ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

НУ Стоби годинава ќе реализира 17 проекти вредни над 10 милиони денари

March 1, 2021 17:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Програмата на Националната установа Стоби за 2021 година опфаќа 17 проекти од кои 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, три проекти во областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, еден проект во областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, еден проект во областа на инвестициското и тековно оддржување на објектите и опремата во државна сопственост од областа на културата и еден  проект во областа на меѓународната дејност. Сите тие ќе бидат финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2021 година во вредност од 10 милиони 6 илјади 700 денари, информира за МИА директорот на оваа национална установа Спасе Перовски.

Споредено со лани кога добиле 9 милиони 185 илјади 963 денари годинава НУ Стоби добила повеќе за 820 илјади 737 денари. Овие средства се наменети за следните проекти – Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот и гробницата на јужниот брод на Епископската базилика Заштитни истражувања во Теодосијанска палата – Просторија 2, со цел презентација на мозаикот од истата просторија (враќање на веќе конзервираниот мозаик на малтерна подлога), Изработка на Основен проект за конзервација, реставрација и презентација на античката синагога од Стоби,  Доистражување и конзервација на римскиот мозаик од источната страна на внатрешниот бедем на Стоби, Конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и римската порта во Стоби Археолошки истражувања на просторот предвиден за паркинг на посетителите на Стоби, Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби. 

Ќе се работи и на проект за доистражување и изработка на Основен проект за кoнзервација на објекти од резиденцијален и комерцијален кварт на рановизантиско Стоби, какои конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Градбата со арки во Стоби.

Средства се издвоени и за Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2009-2020“ Едиција: Студии за старините на Стоби, Серија Монографии, книга II, проект за Конзерваторски истражувања на керамички предмети од збирката на НУ Стоби, Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби Реализација на основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолошките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година.
 
НУ Стоби доби средства и за Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков, набавка на опрема за складирање архивски материјал, музејска и теренска документација, а добиени се и средства за учество на конференција во Лисабон, Португалија.

-И покрај моменталната кризна состојба во нашата земја, ние сме задоволни со подршката која ни ја дава Министерството за култура и ни овозможува да продолжиме со истражувањата и конзервацијата на културното наследство со кое располага Археолошкиот локалитет Стоби, потенцира Перовски.

Тој потсетува дека  изминатата 2020 година вкупно 15 проекти на НУ Стоби биле прифатени од страна на Министерството за култура и вметнати во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2020 година. Од овие 15 проекти, 4 проекта беа одложени поради кризната состојба настаната поради корона вирусот (Ковид 19) и тоа 2 проекта од нивна  страна, а другите 2 од страна на Министерството за култура.
 
Тој информира дека  минатата година беа одложени и Меѓународните Летни Школи во Стоби.
 
-Сето ова беше со една единствена цел – Заштита од корона вирусот, како за нас вработените во НУ Стоби, така и за нашите партнери и посетители.Останатите планирани проекти поради пандемијата започнаа со мало задоцнување од три месеци, но и покрај тоа беа реализирани во целост. НУ Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престана со активности за популаризација и презентација на нашето културно наследство, појаснува Перовски.

Тој потенцира и дека Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби е една од многуте установи погодена од кризната состојба настаната поради Ковид-19.

– Па затоа и покрај желбата за што повеќе проекти, оваа година не сме во можност за други меѓународни проекти финансирани од наши средства, појаснува Перовски. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk