ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Универзална сала ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит

March 1, 2021 13:55
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Објектот на Универзалната сала во Скопје ќе се реконструира во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На промоцијата на изведбениот проект за реконструкција на Универзална сала присуствуваа премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорот на Универзална сала Филип Аврамчев, архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон Инженеринг“, кој го изработи овој проект.

Премиерот Зоран Заев потсети на важноста и на историјата на Универзална сала и нагласи дека архитектот Муча и неговото архитектонско биро на Град Скопје на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје, како што рече, ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата во мај.

– Со повторно отворање на вратите на Универзална, кои пет и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесеме титулата Европска престолнина на културата, рече Заев.

Премиерот Заев потсети дека за Универзална сала издвоиле 120 милиони денари, обезбедиле 70 милиони евра, заем од Европската банка за обнова и развој за познатиот трамвај на тркала, обезбедени се средства за почетокот на изградба на мостот во Карпош 4, кој ќе биде продолжение на улицата „Љубљанска“ во вредност од околу 400 милиони денари. Најави дека ќе продолжи поддршката од страна на Владата за сите капитални проекти на општината.

Градоначалникот Шилегов информира дека Владата одвои 120 милиони денари, средства од буџетот на државата, за реализација на овој проект од огромно значење за македонската и скопска култура и традиција. Универзална сала, како што рече, беше, е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани.

Градоначалникот Шилегов потсети дека идејата да се сочува Универзална сала во постојнатата форма и на постојната локација дојде по опсежна и отворена дебата и додаде оти се слушна волјата на скопјани и на јавноста.

-Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална сала во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година. На 8 март ќе биде закажана седница на Советот Град Скопје каде ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните работи, изјави Шилегов.

Архитетктот Муча имаше презентација на проектот за Универзална сала и појасни како таа ќе изгледа во иднина. -Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот, се вметнуваат нови современи материјали во фасадата, пред се поради енергетската ефикасност, но со мали корекции во постоечката конструкција се зголемува и противпожарната заштита, рече Муча. Тој изрази надеж дека Универзална сала наскоро повторно ќе блесне во стариот сјај, како порано.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека Универзална сала би имала капацитет од околу 1.100 до 1.200 седишта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Најверојатно бев првиот член на Владата кој дозна дека е можно бегство на Мијалков

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk