Се очекува Бајден тоа да го објави подоцна денеска.
Американската фармацевтска компанија „Мерк“ во јануари го прекина развојот на своите вакцини и наместо тоа се фокусира на два лека против коронавирусот.
Компанијата минатиот месец објави дека преговара со влади и други компании за да помогне во производството на одобрените вакцини.
Фармацевтскиот гигант ќе ја произведува вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во своите две фабрики, пишува весникот.
– „Мерк“ останува посветен на придонесот во глобалниот одговор на пандемијата, објави компанијата. /MИА/