ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена иновативна еко зона во Центар

March 2, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Иновативна еко зона во чиј склоп се поставени смарт клупи со сензори за квалитет на воздух и кои се напојуваат од сончевата енергија и имаат бесплатен вифи интернет беше отворена денеска во центарот на Скопје, како дел од проектот „Еко иновативни зони за почист воздух“.

На отворањето на еко зоната која се наоѓа на „8 Ударна Бригада 2“, денеска присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.
– Направивме три вакви паркови со паметни клупи, со сензори кои го детектираат квалитетот на воздухот, со полначи за мобилни телефони, а овие смарт клупи се напојуваат со сончевата енергија. Комплетно еколошки проект, а дополнително овој простор и се зазелени. Сметам дека направивме три многу убави еколошки катчиња во Скопје, со тоа придонесуваме и како Министерство за подобар амбиентален воздух, рече Милевски, повикувајќи ги сите жители на Скопје да размислуваат еколошки и да сфатат колку е значајно да се води сметка за квалитетот на воздухот и почвата.
Амбасадорката Сутер посочи дека инсталациите се финансиски поддржани од Швајцарската амбасада преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој по иницијатива на граѓанската организација Гоу Грин.
– Среќна сум што ја гледам оваа соработка меѓу Општината и граѓанскиот сектор кои заедно изработуваат вакви иновативни проекти. Интересно е што тука има можност граѓаните да седат на клупите и да ги полнат нивните телефони, исто така да го проверуваат квалитетот на воздухот. Затоа ги покануваме сите граѓани да ја посетат оваа инсталација и другите три инсталации кои ги имаме во градот Скопје, да уживаат во зеленилото, да селектираат отпад и да уживаат во еден поодржлив начин на живот, рече Сутер.
Горјан Нацевски од Гоу Грин нагласи дека целта на проектот била да создадат еко иновација со која ќе допрат посебно до младите луѓе во централното градско подрачје и ќе покажат дека има начин како може да се користи обновлива енергија за секојдневните активности.
– Овие клупи користат сончева енергија, покажуваат информации за квалитет на воздухот, што е многу важно за нашиот град и една од главните цели на Гоу Грин. За овој проект да добие уште подобар изглед се погрижи Фондот на холокаустот на Евреите кои донираа 20 дрвја од типот јапонска цреша кои очекуваме кога и да е да расцветаат и тогаш улицата да добие комплетен изглед, рече Нацевски.
извор: МИА
Next Post

Консултација на Секторската работна група за животна средина: Климатските промени стануваат се поголема закана

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk