ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Над 11.000 попишани преку апликацијата, Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита на семејната куќа?..

March 2, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто пратеникот Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита на семејната куќа? Писмо од читател кој сакаше да остане анонимен. Редакцијата смета дека се работи за прашања од јавен интерес, на кои пратеникот Апасиев можеби некогаш ќе даде одговор. Писмото го објавуваме во целост, заедно со фотографиите што ни беа испратени во прилог.

Истрагата за обидот за бегство на Мијалков мора да се спроведе до крај, за да извлечеме слабости, смета Заев. Правото на жалба останува на секој и во второстепени инстанци, па дури и пред меѓународни институции, но ја испративме пораката дека има правда. Ако има правда, има и мир и тука нема никакви дилеми, рече Заев.

Николовски: Воспоставуваме ефикасен систем за борба против корупцијата. Во рок од 30 дена од денеска, Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника, простории за истражните центри… Мора да има брзо процесирање и решавање на предметите. Предметите не смеат да стојат во фиоки, посочи Николовски.

Дигитализација на јавните обвинителства и воведување е-инспектор, дел од мерките против корупцијата. Според премиерот, овој план има за цел целосно да ја спречи корупцијата во државата. Една од мерките е и целосно дигитализирање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.  Дигитализација, според премиерот, ќе го забрза процесот на решавање на предметите.

Шекеринска: Уште еднаш опозицијата со свои куршуми си пука во колено. Шекеринска реагира дека на Фејсбук група деновие се критикува Армијата за пост напишан во 2014 година од припадник кој во моментот на пишувањето на постот не ни бил во редовите на Армијата.

Демант на Министерството за здравство на изјавата на Антонио Милошоски – Постапката не е завршена, процесот е во фаза на евалуација. Министерството за здравство пред објавување на постапка за јавна набавка, а согласно ЗЈН спроведе технички дијалог, во кој сите заинтересирани економски оператори учествуваа со свои предлози и забелешки во изготувување на тендерската документација, и во најголем дел, забелешките и предлозите на ЕО кои учествуваа во техничкиот дијалог беа прифатени и инкорпорирани во Тендерската документација.

Нови 726 случаи на Ковид-19, починати седум лица. Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени е 91.875, а на починати е 3.151. Бројот на активни случаи изнесува 8.720.

ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување. Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот. При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

Професорката Шерон Пикок од Кембриџ: Ковидот веќе не мутира толку брзо. Таа кажа дека се појавуваат помалку нови мутации и дека вирусот покажува „отстапување од еволуцијата“, во која различните мутации почнуваат да изгледаат слично.

И. Т. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Мерк“ ќе му помогне на „Џонсон и Џонсон“ во производство на вакцина против Ковид-19

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk