Политиката, онаа сериозната, не трпи аматерски потези. Лажните и помпезни најави за формирање на некакво ново парламентарно мнозинство, кои првенствено служеа за внатрепартиски и претконгресни цели, завршија како и што се очекуваше- крајно неславно, напиша Андреј Жерновски на Фејсбук, откако беше изгласана доверба на Владата, а опозицијата го бојкотираше гласањето.
„По ваков дебакл на отворена сцена, на опозицијата и’ преостанува само една работа- под итно да пронајде нов лидер. Тоа не само што е основен предуслов за да добиеме посилна и посериозна опозициска партија која ќе води вистинска државна политика, туку ќе значи и поголема контрола врз работата на парламентарното мнозинство, односно врз работата на извршната власт“, напиша Жерновски.
Извор: Фејсбук