ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Секој граѓанин е важен, направени се сериозни напори за зачувување на секое работно место

March 4, 2021 18:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари две одделни средби со претставници на Стопанската комора за фотографска и видео дејност и на Здружението на туристички водичи.

На двете средби, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, се разговарало за актуелните случувања во овие дејности при што од страна на вицепремиерот било посочено дека секој граѓанин е важен и дека во овој кризен период Владата направила сериозни напори за зачувување на работните места во сите дејности.

На состанокот со Стопанската кoмора за фотографска и видео дејност, која е формирана неодамна, се разговарало за тоа како оваа дејност да се подигне на повисоко ниво од сегашното, преку формализирање на лицата кои работат надвор од легалните системи во оваа дејност, истовремено поттикнувајќи ја здравата конкуренција, што ќе резултира со дополнително подигнување на квалитетот на фото и видео продукцијата и пониски цени за крајните потрошувачи.

– На тој начин во добивка би биле сите, и фото и видео продукциите кои би имале здрава конкуренција со соодветни цени за услугите, државата, но и граѓаните кои би добиле поквалитетни услуги со претходно познати цени, се наведува во соопштението.

На средбата со туристичките водичи се разговарало за актуелните состојби во туризмот, како и за спецификите на оваа дејност, која е регулирана според регулативата за туризам и која треба да се дорегулира во делот кој има низа ограничувања.

– Станува збор за специфична дејност, која е важна за промоција на културното наследство и богатство на нашата земја и туристичките водичи и придружници треба да бидат препознаени како туристички амбасадори на нашата земја. Важно е да се одржи оваа дејност, која по завршување на корона-кризата, особено од здравствен аспект, би можела да влијае на подобрување на туристичката понуда и севкупните туристички услуги и промоција на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот. /МИА/

Next Post

Народната банка продолжува со развој на статистиката на финансиските сметки

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk