ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба „Црногорски филмски плакат“ во Кинотека

March 4, 2021 19:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кинотеката на Северна Македонија е отворена изложбата „Црногорски филмски плакат“.

На пригодната свеченост, со запазување на здравствените протоколи, изложбата ја отворија амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ и директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

– Во фоајето на Кинотеката се изложени 40-тина плакати на филмови од црногорската кинематографија, но и копродукциски проекти – реализирани главно во втората половина на дваесеттиот век, но и од поновиот период. Повеќето од изложените експонати се дел од единствената оригинална колекција на филмскиот режисер Момир Матовиќ, како резултат на неговото децениско трагање по кинотечните архиви, библиотеки, архивите на филмските продуценти и дистрибутери, а некои се откупени од приватни колекционери, соопштија од Кинотеката на Северна Македонија.

Амбасадорката Марија Петровиќ посочи дека е голема чест и задоволство што деновиве во Скопје е изложена поставката „Црногорски филмски плакат“ на Момир Матовиќ.

– Оваа изложба е само продолжение на културните активности што ги спроведува амбасадата на Црна Гора во Македонија, со цел да се претстават црногорската култура и идентитет на македонската јавност. Во оваа мисија имаме голема поддршка од македонските институции и пријатели, без чија помош не би била можна реализацијата на вакви културни активности. Изработката на филмски плакат е важна за секоја филмска продукција, бидејќи претставува своевиден пропаганден материјал, кој на најдобар и најсугестивен начин и овозможува визуелен контакт на публиката со тоа што ќе го види. Би повторила дека е големо задоволство што ја имаме оваа изложба во македонската Кинотека – затоа што таа, на некој начин, е сведоштво и на специфичната, и на општата и на комерцијалната култура. Исто така, изложбата „Црногорски филмски плакат“ е сведоштво и на културното наследство на Црна Гора, за овој одреден временски период што го покрива, истакна Петровиќ.

Црногорската кинематографија, во текот на своето создавање, по Втората светска војна, опстанокот и денешното битисување, со продуцираните филмови, изборот на темите, визуелниот идентитет, наградите и признанијата на домашните и светските фестивали, стана незаобиколен сегмент од црногорското културно наследство, се вели во предговорот на монографијата „Црногорски филмски плакат“.

Изложбата „Црногорски филмски плакат“ е своевиден виртуелен музеј на црногорската кинематографија во кој можете да сретнете разни филмски стилови и теми, од разни автори (меѓу другите: Живко Николиќ, Здравко Велимировиќ, Вељко Булаиќ, итн.), како и мноштво врвни црногорски и и екс-југословенски актери, но и некогашните филмски ѕвезди – и од Истокот (Сергеј Бондарчук) и од Западот (Џозефина Чаплин).

Организатори на изложбата, покрај Кинотеката и Амбасадата на Црна Гора, се Истражувачкиот центар „Монтенегрин“ од Скопје и повереникот на Матица Црногорска во Република Северна Македонија, Мирољуб Орландиќ.  /МИА/

Next Post

Претседателот Пендаровски учествуваше на дебатата „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk