Љубомир Данаилов Фрчкоски нема да биде македонски амбасадор во Вашингтон, САД, објави порталот МКД.мк повикувајќи се на високи дипломатски извори. Според нивните сознанија, наводно тој не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција, бидејќи земјата-домаќин изразила одредени резерви кон него.
Северна Македонија нема амбасадор во САД од октомври 2018 година, кога од мисијата се врати Васко Наумовски.
Министерот за надворешни работи пак, Бујар Османи, во вечерашното гостување во „Клик плус“ на ТВ21, рече дека тие никогаш не потврдиле дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор во САД и рече дека тие информации се пласирале само во медиумите.







