„Политиката на родова рамноправност и зајакнувањето на жените, преставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок. Родовата рамноправност е загарантирана со Уставот, како највисок правен акт во државата и како фундаментално човеково право – претставува една од најважните цели и приоритети и на Владата.“, објави директорот на Цартинската управа, Горан Сугарески.
Тој нагласи дека Царинската управа како колектив многу добро се води од ставот дека поголеми можности на жените не е само прашање на право, туку доказ за добро економско резонирање..
„Она што особено ме радува како директор на Царинската управа е тоа што тука колективот многу добро се води од ставот дека поголеми можности на жените не е само прашање на право, туку доказ за добро економско резонирање. Ги охрабрувам жените вработени во Царинската управа активно да учествуваат во донесувањето на важните одлуки во своите работни единици, во насока на стратешките цели на организацијата. Да бидат амбициозни, со сите свои доблести кои ги поседуваат да се борат за своето место во општеството, да се борат за подобра позиција и унапредувањето на својата кариера.“, истакнува во Фејсбук објавата, Сугарески.
Ј. Ѓ.