Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул синоќа загуби на домашен терен од Челзи (0:1) во 29. коло од Премиер лигата. Избраниците на тренерот Јирген Клоп имаат освоено само 10 поени на 11 натпревари во Премиер лигата во календарската 2021 година. Билансот на тимот е три победи, еден нерешен исход и седум порази.
Само три клуба во најсилното англиско фудбалско натпреварување имаат послаб ефект во овој сегмент од првенството. Тоа се: Вест Бромвич (девет бода), Њукасл (седум) и Саутемптон (четири).
Со 43 бода од 27 натпревари, Ливерпул е седми на табелата.