ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Во првите неколку дена над 25.000 се самопопишани, верските заедници може да одиграат важна улога во овој процес

March 5, 2021 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според информациите кои ги имаме пописот се одвива тековно, има заинтересираност кај нашето нерезидентно население да се самопопишува. Во првите неколку дена над 25.000 се самопопишани, но сметавме дека верските заедници може да одиграат важна улога во овој процес, прво затоа што покрај нашата дипломатско конзуларна мрежа која е максимално ангажирана во информирање на нашата дијаспора за овој процес, за техничките аспекти на процесот на самопопишување, верските заедници имаат широка мрежа на распространетост или покривање и тие се присутни на сите континенти. Нашата дијаспора во значителен број е организирана и од верски организации.

Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со лидерите на трите најголеми верски заедници во државава, на која присуствуваа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски.

Тема на средбата бил текот и активностите на спроведувањето на Пописот 2021, кој од 1 март почна да се спроведува за неколку категории државјани на Република Северна Македонија, меѓу кои и за дијаспората.

– Знаете дека портфолиото дијаспора е во МНР и за мене овој процес е многу важен покрај интересот на државата да го попишува нерезидентното население како дел од целиот процес на попис. Од исклучително значење за нас како Министерство е да имаме точни податоци за нашите иселеници во светот, односно нашето нерезидентно население за да може да ги доближиме услугите до граѓаните и да креираме подолгорочни политики за спречување на натамошната имиграција. Денеска од тројцата лидери на верските заедници добивме силна поддршка на овој процес со силни пораки кои ќе ги пратат преку својата мрежа до верниците, до иселениците за потребата од самопопишување како најдобриот начин за добивање точни податоци за нашите граѓани таму, рече Османи.

Според него, конструктивната дебата која ја имале денеска ќе даде значителен поттик за продолжување на овој процес со уште поголема динамика. Бројките, посочи, се оптимистички по однос на одѕивот на граѓаните за самопопишување, 25.000 за неколку дена.

– Пред нас се уште дополнителни 45 дена и доколку сите се ангажираме верски заедници, државни институции, медиуми, секој информирајќи ги своите членови од семејството кои се надвор за овој процес мислам дека ќе имаме историска слика за нашата дијаспора и тоа ќе даде значителен импакт во подготвувањето на нашите политики кон дијаспората што ќе има значење и за луѓето тука и тие што се надвор, додаде Османи.

Симовски рече дека секоја позитивна порака за населението да се вклучи во овој процес е добродојдена. Многу сум среќен што најдовме на големо разбирање кај претставниците од сите три најголеми верски заедници во државата. Нивната помош ќе ни биде драгоцена и сум убеден дека ќе биде онаа позитивна порака која на сите нам ни треба. Ова го работиме во интерес на сите и секоја помош ќе ни биде добродојдена.

Близнаковски истакна дека дава целосна поддршка на оваа операција, која смета дека не треба да биде политичка туку да се сфати како статистичка операција.

– Воедно ги повикувам сите иселеници да го искористат своето право преку апликацијата да се попишат. Во Агенцијата за иселеништво стоиме на располагање на сите иселеници за да им помогнеме доколку наидат на некаков проблем при попишувањето, додаде Близнаковски.

извор: МИА

Next Post

Во недела се очекува по ДХЛ да стасаат првите 3.000 набавени вакцини

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk