ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По усвоeната Концепција за осново образование, следува изработка на нови наставни програми

March 5, 2021 07:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По усвојувањето на Концепцијата за основно образование на седница на Владата во вторникот, следна фаза е да се изработат наставни програми за прво и за четврто одделение во кои од наредната учебна 2021/2022 година треба да почне нејзината постепена имплементација.

Министерката за образование и наука Мила Царовска пред десетина дена соопшти дека МОН наскоро ќе објави повици (огласи) за подготовка на наставните програми на кои ќе може да аплицираат автори и експерти кои, како што рече, сакаат да придонесат во градењето ново, современо македонско образование. Вчера таа ги повика сите наставници и професори да се вклучат во подготвувањето квалитетни програми согласно со Концепцијата, за која рече дека е усвоена од Владата откако претходно три месеци имаше дебата и беа вклучени сите засегнати страни.

На увид во градежните работи за доградба на основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во населбата Хром, Царовска нагласи дека новата концепција значи и нов стандард и нов квалитет во образованието, но, исто така, и подобрување на инфраструктурата во која се одвива наставата.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со тврдење дека тоа се само празни зборови зашто ништо од кажаното не е поткрепено со факти.  Опозициската партија ја повика Царовска да  објасни „каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план без наставни програми за кои допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото“.

Владата по седницата во вторникот, на која беше усвоена Концепцијата за основно образование, соопшти дека во нејзината подготовка биле слушнати и прифатени стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации, а од самиот почеток во подготовката на документот бил вклучен и Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК.

– Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Таа е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации. Посебно место има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови, информираше владината прес-служба по усвојувањето на документот.

Целта на Концепцијата е да го реформира основното образование –  учениците да се оспособат за аналитичко и критичко мислење и наместо фактографски да учат суштински низ поврзување различни дисциплини. Предвидува нов наставен план со задолжителни и изборни предмети, при што оние кои ќе бидат опфатени во групите на општествени и  на природни науки ќе се изучуваат модуларно.

Нацрт-верзијата беше претставена во ноември, до 20 јануари таа беше достапна за коментари, забелешки и сугестии на веб-страницата на МОН, а паралелно беа органиизрани и дебати со професори, директори на училишта, академици, граѓански организации… Согласно со прифатените конструктивни и издржани предлози, на 5 февруари во Собранието беше организирана јавна расправа на која беше презентирана и ревидираната верзија. Тогаш беше соопштено дека предметот Општествени науки, од прво до трето одделение ќе биде насловен Човек и општество, а од четврто до деветто – Историја и општество.

Концепцијата за основно образование е предвидена со Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година и со Законот за основно образование донесен во 2019 година. Ќе се воведува етапно во период од шест години, а ќе почне во прво и четврто одделение во септември годинава. /МИА/.

Next Post
ФОТО: МИА

Владата задоволна од изгласаната доверба и бара деблокирање на Собранието, опозицијата и натаму го оспорува парламентарното мнозинство

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk