Република Северна Македонија во 2021 година се приклучува во десетиот бран на Европското општествено истражување – ЕОИ (European So
Истражувањето во Република Северна Македонија ќе го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Во активностите на национално ниво учествуваат и претставниците на Националната мрежа на ЕОИ во земјата составена од истражувачи од: Филозофскиот Факултет при УКИМ, Скопје; Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Битола; Универзитетот на Југоисточна Европа, Државниот Универзитет во Тетово; Универзитет „Гоце Делчев“, Штип; Универзитет Америка Колеџ, Скопје и ФОН Универзитет, Скопје.
Собраните податоци ќе бидат достапни под отворен пристап за сите истражувачи од општествените науки, државните институции, медиумите и пошироката јавност.
Со цел да биде претставена поливалентноста на ЕОИ, како и потврдената општествена корисност за одделни институции и јавности, но и за општата јавност, ИСППИ во четврток во 11:00 часот (https://us02web.zoom.us/j/
Како што сооптија од ИССПИ, на настанот ќе бидат претставени и темите од анкетниот прашалник, вклучувајќи ја и актуелната Ковид пандемија, со што ќе се акцентира корисноста од собраните податоци за оние кои донесуваат одлуки од јавен интерес, за институции од национален и локален карактер, за бројни професионални организации, за синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, невладините организации, а и за медиумите, односно, за речиси сите делови од општеството.
Настанот е дел од активностите на Регионалната мрежа на Европското општествено истражување за Западен Балкан (https://wb-
извор: МИА