ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените до поголем потенцијал на економиите

March 9, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Годишниот извештај за индексот на родова еднаквост во финансиските институции, којшто вчера го објави британскиот тинк-тенк ОМФИФ, е објавено специјално излагање на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на централнобанкарската заедница. Во излагањето, како што информираат од Народната банка, таа се осврнува на значењето на родовата еднаквост за продуктивноста и остварувањата на економиите, коментирајќи ги и актуелните состојби на глобален план.

 Ангеловска-Бежоска пoсочува дека половина од работоспособното население во светот се жени, но само 50 отсто од нив учествуваат во работната сила. Притоа, нагласува дека разликите во пристапот до образование, здравствената заштита, финансиите и технологијата, законските права и социјалните и културните фактори, се ограничувачки фактор за остварување на целосниот потенцијал на жените. Истовремено, во излагањето е напоменато и дека пандемијата создаде дополнителни предизвици за жените, имајќи ја предвид нивната релативно голема вклученост во најпогодените сегменти на економијата.

 –Нееднаквите можности за жените доведуваат до помала продуктивност и помал раст на економиите. Се проценува дека економската загуба се движи од 10 отсто од БДП во напредните економии до повеќе од 30 отсто во земјите со низок доход. Ова не треба да нѐ изненади, бидејќи истражувањата укажуваат дека поголемата активна присутност на жените на пазарот на трудот носи економски придобивки.  истакнува гувернерката, притоа упатувајќи и на попретпазливото постапување со ризиците, промислувањето и прагматизмот – особености коишто во истражувањата и анализите се поврзуваат со придонесот на активностите на жените во економиите.

 Како што е наведено во Извештајот, само 18 централни банки на глобално ниво се предводени од жена, а само кај 16 отсто од централните банки, во нивниот совет или во одборот или комитетот за монетарна политика членува жена.

 Ангеловска-Бежоска посочува дека во нашата централна банка, жените сочинуваат 57,7 отсто од тимот, а дека жени се на 68,4 отсто од раководните позиции, вклучително и две вицегувернерки. Притоа, таа нагласува дека ваквата полова структура на тимот се должи на политиката на централната банка којашто се заснова на остварувања и вештини на професионалците коишто го сочинуваат тимот.

–Зајакнувањето на можностите за жените значи обезбедување еднаков и непречен пристап до образование и финансии и ослободување од културни и социјални бариери,  нагласува гувернерката, упатувајќи и на согледувањата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стратегијата за родова еднаквост на Европската комисија за периодот 2020-2025 година.

Ангеловска-Бежоска  изрази уверување дека со поддршка и еднаков пристап, жените ќе ги зголемат потенцијалот на економиите и благосостојбата во општеството.

Извештајот на ОМФИФ укажува дека помалку од 1 отсто од водечките глобални финансиски институции имаат остварено родова рамнотежа. Само 2,2 отсто од финансиските институции во глобални рамки имаат постигнато ниво на индексот што покажува дека институцијата е близу до постигнување полова рамнотежа во тимот.

Заклучоците од презентираниот индекс, како што соопштија вчера и од ОМФИФ се јасни недостатокот на родова рамноправност во финансискиот сектор е структурен, постојан проблем, без разлика дали е во јавниот или приватниот сектор. Потребни се прогресивни политики за да се поправи историската недоволна застапеност на жените и да се изедначат можностите во просторот за делување и деловно остварување.

извор: МИА

Next Post

Медиа Плус: Македонска, а не бугарска компанија, ја изработила апликацијата за попис во странство

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk