Ковид 19 – Починати 22 пациенти, нови 872 случаи. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.
Владата донесе одлука – од утре се воведува полициски час, забрана за движење од 22 до 5 часот. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.
Ланските дозволи за движење што ги издаваше МИОА ќе важат и за претојниот полициски час. Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот, појасни Арсовски, задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.
Изгласани измени на Законот за тутун, рокот за откуп продолжен за еден месец. Целта на измените и дополнувањата на Законот за тутун е да се продолжи периодот на откуп за еден месец со што ќе се надминат проблемите со откупот на тутун и ќе им се овозможи на откупните претпријатија да го откупат целокупното производство на тутун, истакна Mиле Талевски од СДСМ.
Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности. Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како наши одредници.