ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Убеден сум дека е можен договор со опозицијата, порача Заев

March 9, 2021 16:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Испраќам порака на соработка секаде каде што тоа е возможно. Сакам дијалог. И ако некој успеал да изгради решенија низ разговори, дипломатија и дијалог, тоа сум го постигнал како претседател на Владата и верувам дека тоа е возможно да се постигне и дома, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за соработката со опозицијата.

Заев оцени дека има многу пречки и блокади од страна опозицијата, кои треба да бидат отстранети, потенцирајќи дека ако има разумност од другата страна или некој аргумент, власта секогаш е отворена да ги прифати.

– Не е лесно објаснливо дека можете да постигнете договор со сите надвор од Северна Македонија, само дома не може да се постигне договор со опозицијата. Јас сум убеден дека е возможно. За жал, има многу пречки и блокади. Но, овие пречки и блокади мораат да бидат отстранети, рече тој на презентацијата на документот Агенда „Европа дома“.

Заев истакна дека од власта секогаш апелираат за соработка и за нивна подготвеност за прифаќање на контрааргументите кои што ги има опозицијата и се во интерес на државата.

– Затоа ја отворив и оваа перспектива да разговараат и да размислуваат сите. За танго треба двајца, но за оро се потребни повеќе. Треба да одиграме за државата и за целиот наш народ онака како што мислиме дека е најдобро. Се обидовме со многу законски решенија, се обидовме со важните стратешки прашања на државата – НАТО  и Европската унија, немаме успех и тоа од 2017 година наваму. Драго ми е што државата чекори напред. денеска сме членка на НАТО, во март лани добивме одлука за почеток на преговорите по 15 години чекајќи како земја кандидат. Многу работи се придвижија пред се на економски план по сите блокади. Не гледаме дека со блокадите ќе има добробит за државата, туку треба максимален консензуз или консензуз за сето она што е возможно да се постигне во државата. Тогаш имаме и гаранција за успешност на сите политики, а тогаш и ефикасноста, брзината и развојот на државата и растот на економијата се поизвесни и поевидентни, истакна Заев.

Тој нагалси дека не престануваат обидите за соработка опозицијата, потсетувајќи дека во претходниот мандат успеал да постигне многу значајни договори со опозициските партии на Албанците, затоа што и тие верувале во истите политики.

– Верувам за таквите прашања и до ден денеска е можно да се постигнат договори заради тоа што и тие исто како што верувам и јас, веруваат во НАТО и Европската унија, додаде тој.

Тоа, според него, не би можел да го каже и за ВМРО-ДПМНЕ, со која не успеале да постигнат ништо.

– Се обидовме со Клинички центар, со Законот за бесправните граби и нивната легализација, со законски решенија речиси од сите области. Кој има корист од кочење или блокирање на законот за бесправни градби и легализација. Најголем дел од сиромашните граѓани на нашата земја ги немаат легализирано своите куќи. Кој има корист од четири или пет закони од екологијата што се закочени во Парламентот? Кој има корист од законот за Договорот со Европската банка за обнова и развој за трамвај на тркала во Скопје, кој што е еколошки проект, но пред се и безбедносен. Кој има корист од законот за енергетска ефикасност, каде што треба да се менуваат фасади, системи за греење, прозорци на училишта, градинките и болниците. Кој има корист и зошто да се блокира законот за унапредување на продуктивноста во земјоделието за изградбата на трите огромни откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица. Овие денови се прават обиди за неколку излезни решенија, како што е за законот за АВМУ и неговата ијмплементација, потенцира премиерот Заев.

Next Post

Пучдемон за Џамбаски: Тој е фашист, пријател на крајно десничарската шпанска партија „ВОКС“

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk