„Во мојот живот има двајца важни Бугари. Едниот е Христо Стоичков, а другиот е Ангел Џамбаски“.
Ова беше наведено од на Карлес Пуџдемон – лидер на сепаратистите и поранешен регионален премиер на шпанскиот автономен регион Каталонија, во интервјуто за бугарскиот „Клубот З“
„Многу повеќе би сакал Стоичков да биде известувач за нашето досие. Освен што е фудбалски феномен што сите го обожаваме, тој е одличен познавач на она што се случува во Каталонија. Тој отсекогаш бил многу сочувствителен на сè она што е Каталонско. Џамбаски е токму спротивното. Тој е фашист, пријател на ВОКС (крајно десничарската шпанска партија, која исто така влезе во Европскиот парламент), која сака да одиме во затвор. А би требало да биде независен известувач за да го подготви извештајот за нашиот случај “, додаде Пучдемон.
Вчера Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и на Тони Комин и Клара Понсати. Ова ќе овозможи продолжување на постапката против нив за екстрадиција во Шпанија, каде ќе треба да издржат ефективни казни.
Барањето за укинување на имунитетот на тројцата политичари е од судот во Шпанија.
Пучдемон и Комин живеат во Белгија од 2017 година, каде избегаа откако референдумот за независност на Каталонија, што тие го организираа, беше прогласен за незаконски од шпанскиот суд. Тогаш белгискиот суд одби да ги екстрадира, а подоцна тројцата освоија европратенички места на изборите во 2019 година.
Ј. Ѓ.