Ние имаме последни податоци од 2002 година и апсолутно тоа е недозволиво посебно во време кога се случија големи миграции“, вели премиерот Заев во врска со спроведувањето на најобемната статистичка операција во Северна Македонија, попис на граѓани, домаќинства и станови која во прва фаза веќе започна со попишување на одредена категорија граѓани.
Нас ни требаат шампиони на интегритетот, да блесант имиња во судството, Јавното обвинителство кои ќе ја работат својата работа. Тоа ни треба. Нема волшебна формула за реформите во однос на правосудството, вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров
Ако е проценката за еден милион граѓани да се вакцинираат во државата, тоа значи 2.000.000 вакцини, во моментот имаме платено 2.350.000 вакцини заедно со оние 800.000 нарачани од „Фајзер“, 800.000 нарачани по „Ковакс механизмот“, 200.000 имаме од Кина, 200.000 од „Спутник В“, имаме дополнително од ЕУ некои 250.000, сите кога ќе ги соберете доаѓаат 2.350.000 и очекуваме наскоро да пристигнат“, повтори премиерот Заев
Премиерот Зоран Заев вели дека вакцините кои ни биле понудени од Русија не сме ги одбиле, туку се чекало на завршување на третата фаза на тестирање и официјална документација.
Изборите ги одложувавме до јули, опозицијата велеше да бидат во септември, а каква ни беше систиацијата есента? Непроменета беше. Со оглед дека никој не може да гарантира каква ќе биде ситуацијата за шест месеци или една година, тогаш зошто да одложуваме. Тоа што можеме да го направиме денес, да не го одложиме за утре. Други држави одложуваат оти имале пописи пред десетина години, а ние? Ние имавме во 2002 година последен попис, заклучи Заев
Владата ќе спроведе и едукативна и информативна кампања од исклучителен јавен интерес за справување со корупцијата тргнувајќи од оценката дека од особена важност е и граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпор кон корупцијата која го разорува општеството по сите основи.
Владата во рамки на 51.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реструктуирање на проектот за итно справување со Ковид-19 во Република Северна Македонија, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката.
Се продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност
Владата на денешната 51.седница ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Северна Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата.