ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Софијанова за ДВ: За два месеци 42 деца имаа пост-ковид компликации

Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.

March 10, 2021 07:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 се почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите. Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за Дојче веле, вели дека само за два месеци со соочиле со пост-ковид компликации кај 42 деца коишто го прележале вирусот.

„Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело.

Тие немаат можеби симптоми како возрасните – висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни“, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за ДВ.

Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека Ковид-19 не остава последици врз нивното здравје.

Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.

Таа укажува дека изминатиов период имало десетина деца кај кои се појавиле проблеми со слепото црево, па голем дел од нив морале да бидат оперирани. Последиците од вирусот коишто го разоруваат детското тело, според лекарите, се причина повеќе да се посвети посебно внимание на децата заразени со Ковид-19.

Компликации има, но нема случаи со смртен исход

Според Министерството за здравство, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца во Козле во моментов има 26 пациенти. Според податоците на Институтот за јавно здравје објавени пред неколку дена, најмалку заразени има кај децата до 9 години (1,7%), додека во групата деца и тинејџери од 10-19 години биле 5,2% од вкупниот број тестирани.

Иако и светските, но и домашните искуства покажуваат дека децата релативно полесно го поднесуваат и пребродуваат вирусот, сепак не се исклучок ниту случаите каде Ковид-19 се појавува во сета своја разорна моќ и остава големи последици врз здравјето на децата.

Во мај минатата година десетмечното бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба беше донесено на Клиниката за детски болести во Скопје. Бебето коешто имаше швајцарско државјанство со специјален авион беше пренесено во Швајцарија каде што по два дена почина. Швајцарските здравствени власти на прес-конференција информираа за прва смрт на дете со Ковид (заразено во странство) и укажаа дека починало од можни компликации од инфекција на коронавирус. Позитивна на вирусот беше и неговата баба, кај којашто бебето било оставено на чување.

Софијанова вели дека во светот има случаи на Ковид-19 кај деца, коишто завршиле со фатални последици. Во С. Македонија имало посериозни случаи со компликации предивикани од короноавирусот, но за среќа нема случаи со смртен исход.

Извор: Дојче веле

Next Post

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk