ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Демант од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Каракачанов за бугарски пасоши на партиски функционери

March 11, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на објавата на Фејсбук од бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според ВМРО-ДПМНЕ, денешната објава на Каракачанов е класична лажна вест и „најостро ги демантираат лагите“ што тој ги објавува и дека ниту еден од посочените функционери на партијата немаат бугарски пасош.

– Очигледно дека Каракачанов воден од својата антимакедонска политика има за цел да оцрнува и да фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во Македонија која остро се спротивставува на неговите негации на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонската историја, се додава во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ е единстевиот политички фактор кој се спротивставува на ваквата негаторска политика на Каракачанов и оттука е јасна причината поради која тој мора да се служи со лаги, наведува партијата.

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов утрово на својот Фејсбук профил објави список на имиња на членови на македонската опозиција за кои тврди дека имаат бугарско државјанство. Меѓу нив се споменуваат имињата на Антонио Милошоски, Александар Николоски, Александар Пандов, Никола Мицевски, Филип Петровски и други.

– Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари, наведува Каракачанов во објавата на Фејсбук.

Во однос на објавата на Каракачанов на социјалните мрежи на картата на т.н. Санстефанска Бугарија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во вторникот изјави дека смета оти станува збор за предизборен фолклор во пресрет на парламентараните избори во Бугарија.

– Колку поголема реакција ова ќе предизвика кај нас, можеби ќе има поголем ефект, а можеби тоа било и идејата. Ние што навистина сакаме добрососедство и пријателство треба да сме внимателни во тоа што го зборуваме и го објавуваме на социјалните медиуми. Посебно треба да избегнуваме изјави и објави коишто наликуваат на територијални претензиии и се против Договорот за пријателство и нашето сојузништво во НАТО, додаде Димитров.

Премиерот Зоран Заев, пак, изјави дека потегот на Каракачанов со мапата од Санстефанска Бугарија, го смета за изборен фолклор и дека секое коментирање би значело вмешување во предизборието во Бугарија.

Next Post

Притвор за 41-годишник осомничен за полов напад врз деца​

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk