Драган Ковачки, офицер во Армијата кој не стана познат по достигнувањата во одбраната и безбедноста, туку по секојдневните напади кон Армијата, не се задржал само на фејсбук статусите и партиските прес конференции туку му пратил и заканувачка порака на началникот на Генералштабот на Армијата, Васко Ѓурчиноски, со содржина – “Долга е раката на ВМРО”.
Поради тоа, на Ковачки му била покрената дисциплинска постапка, која деновиве завршила со одлука на Началникот на Генералштабот за парична казна во износ од 30 посто од платата во траење од 6 месеци.
Главната военодисциплинска комисија предложила најстрога дисциплинска мерка – губење чин, што повлекува и престанок на работниот односн но министерката Шекеринска, ја оценила оваа мерка за престрога.
Освен за заканувачката порака дисциплинската постапка била проширена и за негов фејсбук статус против претседателот на државата и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, и за непочитување на Правилото за односи со јавност на Армијата.
Д. Е.