ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Состојбата во градинките е стабилна, вели Шахпаска, СДСМ поддржува пратениците да имаат само македонско државјанство, но тоа да важи и за актуелниот состав…

March 12, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 868 случаи на Ковид 19, најмногу во Скопје и Прилеп, починати се 15 лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.

Состојбата во градинките е стабилна и тие остануваат отворени, вели Шахпаска. Но, имајќи предвид дека по здравствените пототоколи во градинките смее да бидат згрижени 21.300 деца, сè уште има места за згрижување, рече министерката Шахпаска одговарјќи на новинарско прашање по посетата на Дневен центар за лица со попреченост во Берово.

СДСМ поддржува пратениците да имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот состав. Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонијо Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.

Ќе има ли „прочистување“ на пратеничкиот состав од пратеници кои имаат и друго државјанство освен македонското?. Координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека овој предлог доаѓа за да се затвори темата со „бугарските пасоши“ и нагласи дека закон го потпишаа сите пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ги повика и пратениците од СДСМ и од другите политички партии да го поддржат.

Заев: 16 години сме во чекалната на ЕУ, затворивме горливи прашања со соседите, но да бидеме кристално јасни – нема да преговараме за идентитетските прашања.
Деспотовски: Со кофинансирање практики за зголемување на продуктивноста до поголеми плати за вработените во странски фирми во земјава. Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата.

Маричиќ: По зголемувањето на платите на судската полиција, следуваат нови униформи за затворската полиција. Тој посочи дека веќе го потпишал правилникот со кој припадниците на затворската полиција ќе добијат соодветна модерна униформа.

(ВИДЕО) Дневниот центар за лица со попреченост во Берово со проширен капацитет. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Општина Берово, при што покрај средбата со градоначалникот Звонко Пекевски, го посети и Дневниот центар  за лица со физичка или ментална попреченост и Центарот за социјални работи.

Играниот филм „Хомо“ на Интернационалниот филмски фестивал во Софија. По 51. ИФФИ Гоа во Индија, Интернационалниот филмски фестивал во Софија го селектираше дологметражниот игран филм „Хомо“ на Игор Иванов во натпреварувачката програма „Балканска компетиција“ на своето 25-то издание, кое е во тек и ќе трае до 31-ви март.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

July 13, 2025
Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk