Во Скопје Државниот пазарен инспекторат затвори два локали во центарот на градот и еден во трговскиот центар Мавровка, објави вицепремиерот Љупчо Николовски.
„Кога станува збор за заштита на јавното здравје, нема компромиси, нема недопирливи! Воведуваме ред, правда и дисциплина!“, вели Николовски.
Тој нагласува дека во склоп на редовните инспекциски контроли, но и по допрен глас, Државниот пазарен инспекторат, сношти затвори два скопски локала, во центарот на градот и еден локал во ТЦ Мавровка, кои не ги почитувале здравствените протоколи со цел заштита од ширење на коронавирусот.
„Инспекциите продолжуваат со интензивни контроли на терен. Секој што ќе ги прекрши протоколите и на тој начин ќе влијае врз загрозување на јавното здравје, ќе биде безусловно санкциониран!“, се наведува во Фејсбук објавата на вицепремиерот Љупчо Николовски.