Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој утре ќе биде уништен на „Дрисла“. И Фронтлајн побара одговор од АХВ, но до моментов не е пристигнат одговор. „Слободен печат“ објави дека запленетите количини се производ на турската млекара „Суташ“. АХВ соопшти дека запленетите количини утре ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Јавноста дозна за оваа заплена од изјава на вицепремиерот Љупчо Николовски заплена. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го дискредитира и овој потег. Но 4,5 тони се 4,5 тони, така што обидот на пропагандата помина незабележано.
Вицепремиерот Николовски најави целосна истрага за случајот кој го доведува во опасност здравјето на граѓаните.
Д. Е.