ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица, во Агенцијата евидентирани 159.608

March 15, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3.185 лица и 5.440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18.266 лица.

Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31.293 се од Скопје, 20.781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11.765 Гостивар, 6.742 во Битола, 4.468 во Штип….

Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21.360 ица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17.890 и од 45 до 49 години 16.927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17.764.

Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование 85.525 лица, со непотполно средно образование се евидентирани 15.750, со средно 42.749, со вишо 1407, со високо образование како невработени се евидентирани 13.174, магистри на наука се 974 и доктори на наука во евиденцијата на невработени се 29 лица.

Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77.124, Албанци се 53.169, 14.714 се Роми….

До крајот на оваа работна недела истекува рокот од 30 дена во кој невработените лица кои ги надмиле роковите за пријава во евиденција можат да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели.

Агенцијата даде рок од 30 дена почнувајќи од 19 февруари, заклучно со 19 март 2021 година.

Од Агенцијата во јавниот повик наведуваат дека согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност лицето кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена, а лицето евидентирано како друго лице кое бара работа или пасивен барател на работа на секои шест месеци.

Невработените лица кои нема да ги исполнат овие обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност  се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година.

извор: МИА

Next Post

Неделава за три сантиметри намален водостојот на Охридското Езеро

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk