ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гардијан: Германија ги постигна климатските цели во 2020 година

March 16, 2021 16:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија ги постигна своите национални климатски цели за 2020 година, при што пандемијата помогна да се постигнат најголемите намалувања на емисиите во последните три децении во најстабилната економија во Европа, објави „Гардијан“.

– Минатата година емисиите на стакленички гасови беа околу 41 отсто пониски отколку во 1990 година, што претставува најголем годишен пад во повеќе од три децении, рече министерката за животна средина Свенја Шулце.

Според неа, „јасно е дека пандемијата на коронавирусот го поттикна намалувањето на емисиите“.

– Сепак, катастрофите и економските кризи не можат да ја заменат здравата климатска политика и одржливото преструктуирање на нашата економија, додаде Шулце.

Годишните податоци, објавени денеска, покажуваат дека Германија испуштила 739 милиони тони стакленички гасови во 2020 година, што е намалување за 70 милиони тони во споредба со нивото од 2019 година. Има значителни намалувања во клучните области.

Откако беа прекинати летовите, а продавниците затворени додека владите се обидуваа да го спречат ширењето на коронавирусот, емисиите во секторот транспорт паднаа за 11,4 отсто, а оние во енергетскиот сектор за 14,5 отсто.

Единствениот сектор што не ги исполни своите цели во 2020 година беше секторот за домаќинства, а Шулце истакна дека луѓето поминувале повеќе време дома со греење за време на пандемијата.

Германија започна да ги исполнува своите цели од 2021 година со затворање на електроцентралата  во близина на Келн, како дел од фазното исклучување на јагленот до 2038 година. 

извор: МИА

Next Post

Вакцината на Модерна се тестира на деца и бебиња

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk