Османи и Борисов: Сите противречности мора да се решат, следните генерации нема да нѝ простат. Денешното случајно среќавање меѓу бугарскиот премиер и шефот на македонската дипломатија на софискиот аеродром, од кој и произлезе средбата, даде сигнали кои може да се толкуваат како обид за подобрување на релациите.
(ВИДЕО) Богојески: Бојкот на пописот е најантимакедонски чин, поголем од бојкотот на референдумот! Ако тогаш му завршија работа на Груевски, сега со овој бојкот на кого од мафијата треба да му се заврши работа!“, изјави Петар Богојески, иницијатор на Македонски концепт, за ЦИВИЛ Медиа.
Прес-конференција, обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Утрово врзано дете изгоре во пожар – Центарот за социјална грижа Гостивар немал пријави за родителска негрижа. Стручните тимови на ЦСР Гостивар се во постојана комуникација со МВР и ОЈО и ги преземаат сите мерки што се во нивна законска надлежност.
Денеска се регистрирани 999 нови случаи на Ковид 19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 113.929. Вкупната бројка на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.
Најмногу заболени со ковид-19 над 60 години, голем број новозаразени од 30-39 години. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.
Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е намалување од 29,7 отсто споредено со минатата недела.