ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Утрово врзано дете изгоре во пожар – Центарот за социјална грижа Гостивар немал пријави за родителска негрижа

March 16, 2021 17:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со денешниот случај во Гостивар, Министерството за труд и социјална политика информира дека Центарот за социјална работа – Гостивар обезбеди сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

„Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни услови за живот. Истовремено им е пружена психосоцијална помош и поддршка.

Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството.

Согласно евиденцијата на ЦСР Гостивар, ова семејство не било корисник на ниту едно  право или, пак, услуга од социјалната  и детската заштита.

Стручните тимови на ЦСР Гостивар се во постојана комуникација со МВР и ОЈО  и ги преземаат сите мерки што се во нивна законска надлежност.

Министерството за труд и социјална политика побара од ЦСР Гостивар детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата“, пипува во соопштението на МТСП.

Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на пожарот кој утрово се случи во станбена зграда во Гостивар, каде животот го загуби седум годишно дете кое за време на пожарот било врзано со синџир.

Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно, стои во соопштението на ЈО

„Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко–технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7 годишна возраст“, соопштија од Јавното обинителство на РСМ.

Next Post

Прес-конференција, обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk