ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ја поздрави пораката од Борисов: Многу е важно каква историја пишуваме денес

March 16, 2021 18:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев ја поздрави пораката што му ја упати Бојко Борисов преку министерот за надворешни работи, Бујар Османи и изрази задоволство од ваквиот, како што рече, чин на пријателство.

Заев верува дека Борисов ќе биде еден од главните чинители за изнаоѓање решение меѓу двете земји ако биде избран за претседател на Владата во Бугарија.

Според Заев, многу е важно каква историја денес испишуваме и што ќе им оставиме на младите и идните генерации.

-Прво, драго ми е што се остварила ваква средба на софискиот аеродром од каде што патуваше нашиот министер за надворешни работи и многу ми е мило заради тоа што веднаш премиерот Борисов посакал да се види макар на кратко. Тоа е прво чин на пријателство. Второ, ја поздравувам пријателската порака која што ми ја соопшти министерот за надворешни работи, а впрочем и премиерот на Бугарија и мој добар пријател Бојко Борисов ја објави, а тоа е дека навистина имаме заедничка историја помеѓу двете држави  и двата народa и тоа е суштината на Договорот од 2017 за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија и навистина тоа заедништво низ историјата што сме го имале овозможило да се создадат двата народa, двата јазика да се афирмираме се со конечна цел да постигнеме заедништво на европската агенда кое заедништво веќе го имаме во НАТО-агендата, рече Заев попладнево на прес-конференција во СДСМ.

Заев оцени дека наша аспирација како македонски народ со сите етнички заедници внатре, а иста аспирација и на бугарскиот народ е целиот Балкан да биде во ЕУ, да бидеме заедно, да бидеме силни, да ја унапредиме економијата, трговијата, да го дигнеме стандардот на нашите граѓани.

-Верувам дека навистина, како што кажа Борисов, важно е таа историја денеска што ја пишуваме, каква историја денеска ние испишуваме и што ќе им оставиме на младите и идните генерации после нас. Таа е важна. Не дека не е важно минатото. Важно е, го почитуваме. Тоа е основата на нашето постоење. Но, тоа  е основата и на нашата иднина. Треба да бидеме фокусирани на иднината. Јас му посакувам на бугарскиот народ пред се мудра одлука на претстојните избори, а одлачат онака како што мислат дека е најдобро за нив, а веднаш после изборите јас очекувам да имам и средба со бугарскиот премиер за да можам понатаму јас, работните групи, министрите за надворешни работи да продолжиме во изнаоѓање на ова решение, нагласи премиерот и лидер на СДСМ.

Тој повтори дека е оптимист кога се работи за решавањето на македонско-бугарскиот спор.

-Знаете дека сум оптимист, сум бил секогаш оптимист дури и пред Преспа и пред сериозните предизвици дома коишто ги имавме и сакам да споделувам оптимистички очекувања со нашиот народ. Верувам дека оваа порака на пријателство која  што е испратена е баш на доброчудноста на пријателството знаејќи го премиерот Борисов што мисли, како ги проектира или перципира идните наши односи. Знам дека сака да ја почитува целосно волјата на својот бугарски народ којшто го води и верувам дека доколку биде тој избран за претседател на Владата ќе биде еден од главните чинители за изнаоѓање решение кое што ќе биде навистина задоволително и на среќна околност на двете страни, пред се фокусирано кон иднината, а тоа е заедништвото во соработката, заедништвото во унапредувањето на пријателството. Јас го кажувам многу често братството помеѓу нашите христијански пред се народи, но и помеѓу сите народи и од друга етничка припадност или верска припадност коишто живат овде на Балканите и верувам дека ако повеќе соработуваме и Западна и Северна Европа ќе не почитува уште повеќе, рече Заев.

Меѓу перспективите што се пред нас, укажа, е и економијата.

-Еве ќе ги кажам сако како еден потенцијал што си го зададовме како обврска јас и Борисов, а тоа е трговијата од 580 милиони евра да ја унапредиме барем на една милијарда евра. Тоа значи многу работни места, многу квалитетни плати, тоа значи многу среќа за нашите граѓани од секој можен аспект, подвлече Заев, одговорајќи на новинарски прашања откако ја промовираше програмата со која ќе се кандидира на внатрепартиските избори во недела.

Министерот Османи и Борисов се сретнаа на аеродромот во Софија. Османи го чекал летот за Берн, а Борисов за Виена. Борисов преку Османи упати специјални поздрави до претседателот Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев. – Треба да седнеме и да ги решиме сите недоразбирања зашто Македонија и Албанија не можат да чекаат пред вратите на ЕУ, рече Бојко Борисов./МИА/

Next Post

Новата политика на Заев: Борба против корупцијата и криминалот, правда, еднаквост, коренити реформи, охрабрување на различното мислење и единство во стратешките одлуки за државата

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk